НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Октомври 2009
Почитувани граѓани,
Министерството за здравство од октомври 2009 година ја
воведе вакцината против Хуман папиломавируси (ХПВ) како задолжителна вакцина во календарот за имунизација за девојчиња на возраст од 12 години.
Вакцинацијата ке ја спроведуваат службите за вакцинација, во училиштата или во службите за вакцинација во Здравствените домови во Р. Македонија според изготвените планови.

Во исто време ќе биде овозможено и бесплатно вакцинирање на сите девојчиња на возраст од 9-26 години пријавени, минатата година. Бесплатното вакцинирање на девојчиња на возраст од 9-26 години ќе биде во Центрите за јавно здравје, Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје како и во сите лиценцирани здравствени установи за вакцинација против ХПВ.
Според официјални медицински истражувања, докажано е дека хуман папилома вирусите се
најчести причинители за појава на рак на грлото на матката, и тоа кај 90 проценти од заболените лица е откриено присуство на канцероген хуман папиломавирус.
Вакцинацијата ќе се врши со четиривалентна ХПВ вакцина индицирана за заштита од рак на грлото на матката, предизвикан од ХПВ тип 16 и 18 и заштита од типовите 6 и 11, кои се најчести причинители на брадавици на гениталните органи.
...................................................................................................