НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Јануари 2011
Здружението за Хуман Папилома Вирус (ЗХПВ) на Македонија, во соработка со Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“, како полноправен член на Европската Асоцијација за рак на грлото на матката (ECCA), реализираа едукативна кампања како дел од Европската Недела за превенција од рак на грлото на матката, 23 – 29 Јануари, 2011 год.

Едукативната кампања ја следи глобалната кампања „Бисер на Мудроста 2011“ во чии рамки Здруженијата ги повикуваат девојките и жените да сторат се за превенција од рак на грлото на матката, преку редовни гинеколошки прегледи, ПАП тестови, одговорно сексуално однесување со сите мерки за заштита од полово преносливи болести и преку редовната програма за вакцинација против ХПВ вирусите.
Главниот настан на Европската Недела за превенција од рак на грлото на матката, беше Втората Конференција под името „Дали знаете дека ракот на грлото на матката може да се спречи?“

Конференцијата се одржа на 27 jануари 2011 год (четврток), со почеток во 12:00 часот, во Мулти-бизнис центарот на Скопскиот саем.
...................................................................................................