ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО
 
Здржението за Хуман Папиломавирус на Македонија (ЗХПВМ, HPVSM) е основано во Јули 2007г. во Скопје.

Главните цели на ова здружение се запознавање на широката популација со:
  • причините и последиците од инфекцијата со ХПВ
  • начини на нејзина детекција
  • третман и спречување на инфекцијата со ХПВ и болестите предизвикани од неа
  • советување, информирање на јавноста и подигање на свеста кај младата популација за превенција на ХПВ инфекцијата (вакцинација и скрининг на ракот на грлото на матката)
Во рамките на ова како прва активност на здружението е и кампањата „ КАЖИ НА НЕКОМУ„ и промоција на првата брошура наменета за пациенти, каде што може повеќе да се информираат за ХПВ инфекцијата, како се пренесува и превенција на ХПВ инфекцијата со вакцина против ракот на грлото на матката.

Целта на оваа брошура е да се зголеми информираноста за ракот на грлото на матката и да се акцентира неговото општествено и социјално значење.

Членови на Здружението може да бидат сите заинтересирани без разлика на пол и возраст, родители, општествени личности, медиуми, лекари и други.