ЖЕНСКИ ПОЛОВ СИСТЕМ
 
Женскиот полов систем е составен е од надворешни и внатрешни полови органи. Надворешните полови органи го овозможуваат половиот акт и дотокот на семената течност во женскиот полов систем.
Внатрешните полови органи го овозможуваат сврзувањето на сперматозоидите (машката полова клетка) со јајце клетката (женската полова клетка), развивањето на ембрионот и плодот, носењето на бременоста, како и раѓањето.


Надворешните полови органи:
  • Срамното возвишение (Венерин брег) кој кај полово зрелите жени има форма на триаголник.
  • Големите срамни усни
  • Малите срамни усни сместени одвнатре на големите.
  • Клиторисот, задебелување каде се сврзуваат големите и малите срамни усни. Тој е богат со сетилни нерви и е најголемата ерогена зона кај жената.
  • Девствената ципа (химен) – граница помеѓу предворието на вaгината и самата вагина. Има заштитна улога на внатрешните полови органи и се прекинува при првиот полов контакт
Внатрешните полови органи:
  • Вагината е кус растеглив мускулест орган кој ги поврзува надворешните полови органи со матката. Нормално во неа се наогаат млечно кисели бактерии кои влијаат на одржувањето на киселата околина и го спречува навлегувањето на штетни бактерии во внатрешните органи. Намалувањето на киселоста за време на менструалниот циклус овозможува развој на инфекции.