РАК
 
Постојат две групи на тумори/ рак: бенигни и малигни.
  • Бенигни тумори - имаат бавно и одложено ширење, т.е обвиткани се во капсула и се добро ограничени од околните здрави ткива. Нивното штетно дејство се должи на притисокот што го вршат на соседните органи и така доведуваат до нивно оштетување и промена на нормалната функција. По оперативно отстранување не се развиваат одново и не метастазираат за разлика од малигните тумори кои даваат метастази во далечните органи.

  • Малигни тумори - брзо растат и немаат капсула односно ги зафаќаат околните здрави ткива. Често и после оперативните зафати се повторуваат и метастазираат. Доведуваат до интоксикација на организмот и големо намалување на телесната маса.