КОЈ МОЖЕ ДА ЗАБОЛИ?
 
Основен причинител на ракот на грлот на матката е ХПВ човековиот папиломавирус. Неговото присуство во ткивото на ракот е задолжително. Но за да се претвори еден бениген патолошки процес во рак се неопходни и други фактори или таканаречени кофактори.

  • пушењето - значително го намалува природниот имунитет и способноста на клетките од имунолошкиот систем.
  • ултравиолетовата радијација – го пореметува генетскиот материјал во клетките кое пак води до развој на рак
  • дефицит на фолна киселина – спаѓа во групата на витамин Б
  • ослабен имунолошки систем – жените кои поради некоја причина имаат намален имунитет (HIV инфекција, лечење со некои лекарства) имаат значително поголем ризик да заболат од рак на грлото на матката
Кои се ризичните групи?
  • Жените со ран почеток на сексуален живот
  • Жените кои често ги менуваат половите партнери
  • Жените кои често боледуваат од полово преносливи болести
  • Жени со лоша интимна хигиена
  • Жените кои родиле повекепати
  • Жени кои родиле на многу рана возраст
  • Жени кои користат долго орални контрацептивни средства