ПРЕДРАКОВИ ПРОМЕНИ
 
ХПВ инфекцијата е најчесто полово преносливо заболување. Обично се среќава на возраст од 20 до 25 години. Кај повеќето пациентки инфекцијата е минлива и поминува без последици. Грлото на матката е најчесто нападнатиот орган. Тоа се должи на големата погодност и приемливост на епителот кон вирусот. Често инфекцијата може да изчезне спонтано, самолимитирачки со тек на време а може и вирусите да бидат елиминирани од имуниот систем. Помал број од нив доведуваат до влошување на состојбата и појава на заболување односно манифестација на инфекцијата:
  • Брадавици на грлото на матката – (кондиломи) израстоци во внатрешноста на половите органи. Можат да бидат плоснати, лесно испакнати по боја бледо-розева , а површината мазна или зрнеста.
  • Цервикална интраепителна неоплазма (CIN) – тоа е хистолошка дијагноза добиена преку испитување на ткивото на грлото на матката.
Пред-раковите состојби не предизвикуваат никакви тегоби, затоа активно треба да се бараат преку редовни гинеколошки прегледи.

Процесот на предракова состојба се одвива бавно и напредува од полесни кон потешки стадиуми. Може да се јават следните три степени:
  • CIN 1 – промена на нормалната структура на клетките само во долната третина од покривниот слој на грлото на матката
  • CIN 2 – долните две третини од епителниот слој содржи променети клетки а горната половина е со наполно нормална структура