КАКО ДА ЗНАЕМЕ ДАЛИ СМЕ ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА?
 
Дијагностиката на една напредна фаза на рак не е тешка зошто тој има изразени симптоми.

Навременото
дијагностицирање на ХПВ инфекцијата е многу важно за лекувањето, прогнозата и борбата со ова заболување.

Откривањето на предраковите состојби е најважно!!!

Најчесто применети методи за рана дијагноза се следните:
  • Цитолошка дијагноза – опишана како Papanicolaоu или познато како ПАП тест. Ова е едноставна техника. Со оваа метода се открива променети или малигни клетки во епителот на грлото на матката. Со помош на специјална памучна шпатула се зема материјал од слузницата на грлото на матката. Добиените препарати се фиксираат, се бојат и се надбљудуваат под микроскоп. Резултатите се групираат во 5 ПАП групи (I-V).
Цитолошката дијагноза е стандардна метода за рано откривање на предраковите промени и на ракот на грлот на матката.
Тест треба да се прави секоја година кај сите жени по 21 год. или 3 години откако ке стане сексуално активна.

Тестот се врши кај наполно здрави пациентки. Поради способноста да ги следи промените пред да настане рак овој метод е доста ефикасен и ја намалува смртноста откако е во примена од 1950 година. За само 20 години бројот на смртните случаи на пример во САД се намалиле за 70% како резултат на овој скрининг.