КАКО ДА СЕ ЛЕКУВАМЕ?
 
Како се лекува рак на грлото на матката?
  • Во раните стадиуми од заболувањето – задолжително се прави конизација т.е. процедура на отстранување на ткиво во конусна форма кое понатаму се испитува хистолошки. Кај млади жени кои немаат родено ако туморниот процес е ограничен и не е навлезен во лимфните јазли и крвотокот конизацијата од дијагностичка може да биде конечна оперативна терапија. Во понатамошен период се неопходни периодични гинеколошки прегледи. Со други зборови доколку се работи за т.н микроинвазивен рак и ако конизацијата е ˝во здраво˝ , не преминува преку границите на резот и станува збор за жена која нема родено тогаш таа конизација е терапевтска.

  • Во напредните стадиуми се спроведува
  • 1. Хемотерапија - при што со специјални лекарства се уништуваат туморските клетки во целото тело.
  • 2. Хистеректомија – операција со која се отстранува матката и околните анатомски структури зафатени од туморскиот процес. Ја има во два вида: обична хистероктомија со отстранување на матката,грлото на матката и туморот и радикална хистероктомија со отстранување на матката, грлото на матката, дел од вагината и лимфните јазли во оваа област.
Како што може да се види лечењето на напредниот рак е со многу лоша прогноза. Затоа најважно во борбата со ракот е превенцијата т.е навременото спречување.