ВАКЦИНА ПРОТИВ HPV
 
Ракот на грлото на матката е најчесто предизвикан од човековиот папиломавирус (Human Papilloma Virus, HPV) . Во светот веќе постои вакцина која третира 4 типа на вирусот (ХПВ тип6,11,16 и 18). Овие 4 типа на вируси се причинители на 70% од случаите на рак на грлото на матката и 90% од случаите на генитални брадавици (кондиломи).

Што претставува вакцината?

Вакцината содржи високо прочистени на вирус слични честички од четири типа на ХПВ. Тие во себе не содржат вирусна ДНК структура. Овие честички го поттикнуваат имуниот систем да создаде антитела кои при евентуален контакт со ХПВ го неутрализираат вирусот и не дозволуваат да се развие инфекција и болест.

Вакцината содржи на вирус слични честички од следните четири типа на HPV
  • HPV тип 16 и 18 кои предизвикуваат околу 70% од случаите на рак на грлото на матката
  • HPV тип 6 и 11 кои предизвикуваат скоро 90% од случаите на генитални кондиломи
Вакцината може да заштити од заболувања кои се предизвикани од HPV 6,11,16 и 18. Поради тоа треба да се продолжи со сите заштитни мерки од полово преносливи болести.

Кој треба да се вакцинира?

Вакцината е препорачана за девојчиња и млади жени на возраст од 9 до 26 години и момчиња од 9-15години. Тоа е возраста во која започнуваат првите сексуални контакти и ризикот од заболување е најголем.