ПОЛОВОПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТИ
 
Заболувањата кои се пренесуваат по полов пат се нарекуваат сексуално преносливи и венерични болести. Тие имаат големо значење затоа што се многу распространети, засегаат многу луге претежно млади и тоа во репродуктивниот период. Некои од болестите може да предизвикаат стерилитет или неплодност (кај женскиот пол неможност за зачеток а кај машката популација неможност за оплодување), оштетување на плодот за време на бременост или новороденото.

Ризик фактори кои влијаат за развој на сексуално преносливи инфекции се честата промена на сексуалниот партнер (без разлика на полот) , ниската сексуална култура, лоша интимна хигиена, некористење на заштитни средства (презервативи) и други.


Најчести полово преносливи болести се:
  • Инфекции со ХПВ (човеков папиломавирус)
  • Трихомонијаза
  • Хламидијаза
  • Гонореја
  • Сифилис
  • СИДА (HIV)
  • Хепатит В.