ШТО ПРЕТСТАВУВА ХПВ ?
 
HPV е вирус кој е многу застапен помеѓу луѓето. Тој ги зафаќа кожата и слузницата и е причинител за многу болести меѓу кои и ракот на грлото на матката. Познати се над 120 различни типови на ХПВ вируси. Од истите дури 30 до 40% ја напаѓаат аногениталната област.

Вирусот е многу отпорен во надворешната средина , што му помага во неговото широко распространување.
  • Во последно време во светот околу 9-13% од населението (630 милони луѓе) се заразени со ХПВ и се бележи огромна тенденција на зголемување на овој број во последните 20 години.

  • Приближно половината од вкупниот број на сексуално активни жени или мажи може да се заразат со ХПВ во одреден период од животот. Најчесто инфекцијата настанува на возраст од 18-28 години. Се смета дека поголем дел од жените, околу 80% ке бидат инфицирани до навршувањето на 50-тата година.

  • Повеќето од инфекциите поминуваат без симптоми, а тоа значително влијае на распространувањето на вирусот. Само 1% од сите инфицирани со вирусот може клинички да бидат регистрирани.