ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ХПВ ?
 
Околу 30-40 типови се т.н аногенитални и се делат на две големи групи:
  • Високоризични - околу 15-20%. Тоа се најчесто ХПВ тип 16, 18, 31... кои ако делуваат подолго време, може да предизвикаат рак на грлото на матката и други малигни промени во областа на гениталиите.
    Над 70% случаи на рак на грлото на матката се предизвикану од ХПВ типовите 16 и 18.
  • Нискоризични - околу 10-15%. Тоа се ХПВ тип 6 и 11 и најчесто предизвикуваат брадавици (кондиломи) и други бенигни тумори во аногениталната област.
Повеќето од ХПВ инфекциите се самоизлечиви во период од 1-2 години, благодарение на имуниот систем на организмот. Но ако инфекцијата трае подолг период се јавуваат следните промени:

  • Бенигни генитални тумори
  • Шилести брадавици (кондиломи) – меки израстоци кои обично се појавуваат на влажни површини , околу аналната област, вулвата, влезниот канал и срамните усни. По боја се сиво-бели и имаат можност одделни кондиломи да се сврзуваат формирајќи поголеми кондиломи. Исто така може да се појават на суви површини пр. тело на пенисот.
  • Гениталните брадавици (кондиломи) - се со боја на кожата, може да бидат мазни, со зрнеста површина и различна големина.
  • Плоснати брадавици (кондиломи) - се јавуваат обично на врвот на грлото на матката или вулвата.