КАКО СЕ РАСПРОСТРАНУВА ХПВ ?
 
Вирусот на ХПВ се распространува на два начини: по полов и вон-полов пат.
  • Полов пат – ХПВ е полово-пренослив т.е. распространувањето на инфекцијата најчесто е по полов пат при вагинален, анален и орален контакт. Малите ранички по кожата го олеснуваат навлегување на вирусот. Тоа е најчестото сексуално-преносливо заболување. Докажано е дека вирусот може да се пренесе и без полов акт т.е. во љубовната предигра.

    Презервативите не се 100% заштита.

  • Вонполов пат – заразата е можна. Може да се пренесе од мајка на новороденче, и во тој случај детето развива т.н РРП –Рекурентна респираторна папиломатоза.