КАКО СЕ ЛЕКУВААТ ГЕНИТАЛНИТЕ БРАДАВИЦИ ?
 
Лечењето на промените кои се во аногениталната област, предизвикани од ХПВ сe предмет на рана санација. Не е возможно потполно уништување на вирусот и поради тоа терапиите имаат ограничен успех и често се забележуваат рецидиви. Гениталните брадавици може да се лекуваат хируршки или медикаментозно.

Медикаментозно лекување

Сите лекарства се нанесуваат на површината на кожата. Може да предизвикаат болка и чешање и не секогаш имаат ефект. Дејството не им е насочено директно кон вирусот туку кон промената која ја предизвикува. Некои од препаратите може да се примаат системски, орално или како инјекција.

Основните групи на лекарства кои имаат ефект во лекувањето на гениталните брадавици се следните:
  • Имуномодулатори – дејствуваат на јакнењето на природниот имунолошкиот систем кај човекот и предизвикуваат засилен антивирусен одговор: Интерферон алфа
  • Антимитотички агенси – дејствуваат врз процесот на делењето на клетката и може да имаат блокирачко дејство врз ширењето на вирусот: Podofilox , Podophillin, 5-Fluorouracil
  • Кератолитици – бргу навлегуваат во структурата на кожата и хемиски влијаат на кератинот и другите ткива. Овој метод е адекватен на криотерапијата и електро-терапијата: Салицилна киселина, Трихлороцетна киселина.