КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ХПВ ?
 
Основни методи на профилактика се:
  • Вакцинирање – пронајдена е вакцина против четирите најраспространети типа на човековиот папилома вирус ( HPV тип 6,11,16,18). Вакцината се прима во три дози, првата дата е произволна, втората е на два месеци од првата и третата на 6 месеци од примање на првата доза. Вакцината штити од ХПВ инфекција која предизвикува рак на грлото на матката и гениталните брадавици.
  • Редовни гениколошки прегледи – за секоја жена која наполнила 21год. или 3год. откако станала сексуално активна потребно е да оди на редовни гинеколошки прегледи. Скринингот го намалува бројот на смртни случаи од ракот на грлото на матката за околу 70%.
Вакцина против рак

Ракот на грлото на матката е најчесто предизвикан од човековиот папилома вирус (human papilloma virus, HPV) . Веќе постои вакцина која штити од 4 типа на ХПВ (Тип 6,11,16 и 18). Овие 4 типа се причинители на 70% од случаите на рак на грлото на матката и 90% од случаите на генитални брадавици (кондиломи).

Што претставува вакцината?

Вакцината содржи високо прочистени на "вирус слични честички" од четирите типа на HPV. Тие во себе не содржат вирусна ДНК структура. Овие честички го поттикнуваат имуниот систем да создаде антитела против четирите типа на ХПВ кои при евентуален контакт со ХПВ го неутрализираат вирусот и не дозволуваат да се развие инфекција и болест.