За здружението
Здржението за Хуман Папиломавирус на Македонија (ЗХПВМ, HPVSM) е основано во Јули 2007г. во Скопје.
Главните цели на ова здружение се запознавање на широката популација со:
причините и последиците од инфекцијата со ХПВ
начини на нејзина детекција
третман и спречување на инфекцијата со ХПВ и болестите предизвикани од неа
советување, информирање на јавноста и подигање на свеста кај младата популација за превенција на ХПВ инфекцијата (вакцинација и скрининг на ракот на грлото на матката)
Во рамките на ова како прва активност на здружението е и кампањата „ КАЖИ НА НЕКОМУ„ и промоција на првата брошура наменета за пациенти, каде што може повеќе да се информираат за ХПВ инфекцијата, како се пренесува и превенција на ХПВ инфекцијата со вакцина против ракот на грлото на матката.
Целта на оваа брошура е да се зголеми информираноста за ракот на грлото на матката и да се акцентира неговото општествено и социјално значење.
Членови на Здружението може да бидат сите заинтересирани без разлика на пол и возраст, родители, општествени личности, медиуми, лекари и други.
Новости и активности
10 Мај 2019
10 Мај; Симпозиум “Превенција, дијагноза и третман на цервикален карцином“
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
06 Мај 2016
06 Мај 2016: Симпозиум “ХПВ инфекции и асоцирани болести – дијагноза, превенција, третман”
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
25 Март 2011
25 Март: Симпозиум “ХПВ инфекции и асоцирани болести – дијагноза, превенција, третман”
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
23-29 Јануари 2011
23-29 Јануари: Бисер на мудроста – Недела за превенција од рак на грлото на матката.
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
Октомври 2009
Едукативен Караван Оглас
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
Октомври 2009
Интервју со добитникот на Нобелова награда за медицина 2008 Prof. Harald zur Hausen.
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
6 Октомври 2008
Бесплатна вакцинација против хуман папиломавируси ХПВ за девојчиња на возраст од 9 до 26 години.
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
4 ноември 2007
Четиривалентната ХПВ тип 6,11,16 и 18 вакцина e ефикасна и кај жени на возраст од 24 до 45 години!!!
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
25-28 септември 2007
Симпозиум на тема „Перспективи на гинеколошка онкологија и колпоскопска сесија„
……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………….
25 септември 2007
Четиривалентната ХПВ тип 6,11,16 и 18 вакцина против рак на грлото на матката на Merck Sharp& Dohme (MSD), ја доби наградата Galien 2007
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
12 септември 2007
Четиривалентната ХПВ тип 6,11,16 и 18 вакцина e ефикасна против дополнителни 10 високоризични типови ХПВ
…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………..
12 Јули 2007
Во х. Stone Bridge беше одржана работилница за ХПВ наменета за новинари.
……………………………………………………………………………………………………………………………………………………………….
Корисни линкови
Во оваа секција ви даваме на располагање повеке светски линкови со содржани поврзани со HPV проблематиката, наменети за оние кои сакаат повеке да дознаат…
Контакт информации
Ви стоиме на располагање за информации, сугестии и контакти 24/7. Доколку имате потреба од стручен совет или сакате да дадете некоја сугестија слободно можете да ни пишувате на нашата е-маил адреса. Секоја ваша желба порака или сугестија поврзана со Нашето здружение ке биде проследена и адекватно одговорена.
Нашата E-Mail адреса е: info@hpvsm.org.mk
Женски полов систем
Женскиот полов систем е составен е од надворешни и внатрешни полови органи. Надворешните полови органи го овозможуваат половиот акт и дотокот на семената течност во женскиот полов систем.
Внатрешните полови органи го овозможуваат сврзувањето на сперматозоидите (машката полова клетка) со јајце клетката (женската полова клетка), развивањето на ембрионот и плодот, носењето на бременоста, како и раѓањето.
Надворешните полови органи:
- Срамното возвишение (Венерин брег) кој кај полово зрелите жени има форма на триаголник.
- Големите срамни усни
- Малите срамни усни сместени одвнатре на големите.
- Клиторисот, задебелување каде се сврзуваат големите и малите срамни усни. Тој е богат со сетилни нерви и е најголемата ерогена зона кај жената.
- Девствената ципа (химен) – граница помеѓу предворието на вaгината и самата вагина. Има заштитна улога на внатрешните полови органи и се прекинува при првиот полов контакт
Внатрешните полови органи:
- Вагината е кус растеглив мускулест орган кој ги поврзува надворешните полови органи со матката. Нормално во неа се наогаат млечно кисели бактерии кои влијаат на одржувањето на киселата околина и го спречува навлегувањето на штетни бактерии во внатрешните органи. Намалувањето на киселоста за време на менструалниот циклус овозможува развој на инфекции.
- Матката е мускулест орган. Кај жените неродилки има форма на песочен часовник додека после породувањето од носењето на плодот добива крушковидна форма. Основниот слој од ѕидот на матката претставува мускул кој е неопходен за истискување на плодот нанадвор при породувањето на новороденчето. Внатрешниот слој на матката претставува слузница прекриена со голема мрежа од крвни садови.
- Грлото на матката ја сврзува матката со вагината. Слузницата на грлото на матката има свои карактерни особености. Во областа каде се поврзува со вагината има многуслоен плоснат невроген епител. Овде нема жлезди. Останатиот горен дел од грлото на матката одвнатре е покриена со клетки во цилиндрична форма. Меѓу нив има жлезди кои лачат слуз кај здравите жени и формираат алкална средина. Така го спречуваат навлегување на микроорганизмите во матката.
- Јајцеводи (Фалопиеви туби) се парен орган, се издвојуваат од горниот дел на рогот на матката од двете страни и завршуваат на горниот дел на јајчникот. Во тубата се движи јајце клетката за да стигне до матката каде евентуално ке биде оплодена.
- Јајчниците- парни органи со елипсовидна форма. Сместени се од двете страни над матката поврзани со маточните туби. Основната функција му е развој и одделување на јајце клетките како и производство на хормони. Естрогените се хормони кои главно се создаваат во јајчниците, и мали количини на прогестеронот кој се лачи во надбубрежната жлезда го контролираат половото созревање кај жената и помагаат во развојот, растењето и функционирањето на женските полови органи.
Рак
Постојат две групи на тумори/ рак: бенигни и малигни.
Бенигни тумори – имаат бавно и одложено ширење, т.е обвиткани се во капсула и се добро ограничени од околните здрави ткива. Нивното штетно дејство се должи на притисокот што го вршат на соседните органи и така доведуваат до нивно оштетување и промена на нормалната функција. По оперативно отстранување не се развиваат одново и не метастазираат за разлика од малигните тумори кои даваат метастази во далечните органи.
- Малигни тумори – брзо растат и немаат капсула односно ги зафаќаат околните здрави ткива. Често и после оперативните зафати се повторуваат и метастазираат. Доведуваат до интоксикација на организмот и големо намалување на телесната маса.
Рак на грлото на матката
Што претставува ракот на грлото на матката?
Го зафаќа грлото на матката- цилиндричен орган кој ја поврзува вагината со матката. Нормалните клетки од слузницата на грлото на матката ја менуваат својата структура и почнуваат да се шират неконтролирано. Тоа најчесто е предизвикано од ХПВ. Како резултат на оваа вирусна активност се образува маса од клетки на рак – тумор. Најчесто овој вид на тумор има малигни карактеристики – брзо расте и метастазира по лимфниот систем и крвта.
Поврзаноста меѓу ракот на грлото на матката и ХПВ е забележан првпат пред повеќе од 30 години. После спроведените вирусолошки, епидемиолошки и клинички испитувања стана јасно дека основен причинител на болеста во 95-99,7% од случаите е човековиот папилома вирус ХПВ, од кои дури две третини се типовите 16 и 18.
Статистика
Ракот на грлото на матката е втора по ред причина за смртност кај жените после ракот на дојката. Според статистиката на Светската Здравствена Организација годишно во светот се регистрираат 500.000 нови случаи а околу 300.000 жени годишно умираат како последица на ракот на грлото на матката. Се претпоставува дека во светот моментално има 1.4 милиони жени заболени од рак на грло на матката. Од иситите дури 80% се од редовите на помладата популација.
Кај нас секоја година заболуваат над 250 жени и за жал 50 од нив умираат од рак на грлото на матката.
Кои се симптомите на ракот на грлото на матката?
Предраковите состојби и раните стадиуми на заболувањето обично не предизвикуваат болка или други клинички симптоми. Најчесто се забележува кога е веке во поодминат стадиум и токму на тоа се должи и високата смртноста од ракот на грлото на матката.
Најчести симптоми во напредната состојба на заболувањето се:
- Крварење
- 1. крварење вон менструалниот период
- 2. крварење за време на полов акт или преглед
- 3. подолга и пообилна менструација
- 4. крварење по менупаузата
- Болки во долниот дел од стомакот
- Болка за време на полов акт
- Целосно слабеење на организмот
Касните клинички ефекти како резултат на прогресирање на процесот се метастазирање во белите дробови, црниот дроб, коските и мозокот.
Затоа е исклучително важно да се обрне внимание на превенцијата со вакцина против ХПВ и чести гинеколошки прегледи.
Кој може да заболи
Основен причинител на ракот на грлот на матката е ХПВ човековиот папиломавирус. Неговото присуство во ткивото на ракот е задолжително. Но за да се претвори еден бениген патолошки процес во рак се неопходни и други фактори или таканаречени кофактори.
- пушењето – значително го намалува природниот имунитет и способноста на клетките од имунолошкиот систем.
- ултравиолетовата радијација – го пореметува генетскиот материјал во клетките кое пак води до развој на рак
- дефицит на фолна киселина – спаѓа во групата на витамин Б
- ослабен имунолошки систем – жените кои поради некоја причина имаат намален имунитет (HIV инфекција, лечење со некои лекарства) имаат значително поголем ризик да заболат од рак на грлото на матката
Кои се ризичните групи?
- Жените со ран почеток на сексуален живот
- Жените кои често ги менуваат половите партнери
- Жените кои често боледуваат од полово преносливи болести
- Жени со лоша интимна хигиена
- Жените кои родиле повекепати
- Жени кои родиле на многу рана возраст
- Жени кои користат долго орални контрацептивни средства
Предракови промени
ХПВ инфекцијата е најчесто полово преносливо заболување. Обично се среќава на возраст од 20 до 25 години. Кај повеќето пациентки инфекцијата е минлива и поминува без последици. Грлото на матката е најчесто нападнатиот орган. Тоа се должи на големата погодност и приемливост на епителот кон вирусот. Често инфекцијата може да изчезне спонтано, самолимитирачки со тек на време а може и вирусите да бидат елиминирани од имуниот систем. Помал број од нив доведуваат до влошување на состојбата и појава на заболување односно манифестација на инфекцијата:
- Брадавици на грлото на матката – (кондиломи) израстоци во внатрешноста на половите органи. Можат да бидат плоснати, лесно испакнати по боја бледо-розева , а површината мазна или зрнеста.
- Цервикална интраепителна неоплазма (CIN) – тоа е хистолошка дијагноза добиена преку испитување на ткивото на грлото на матката.
Пред-раковите состојби не предизвикуваат никакви тегоби, затоа активно треба да се бараат преку редовни гинеколошки прегледи.
Процесот на предракова состојба се одвива бавно и напредува од полесни кон потешки стадиуми. Може да се јават следните три степени:
- CIN 1 – промена на нормалната структура на клетките само во долната третина од покривниот слој на грлото на матката
- CIN 2 – долните две третини од епителниот слој содржи променети клетки а горната половина е со наполно нормална структура
- CIN 3 – промената го зафаќа целиот епител. Во оваа група влегува и т.н Карцинома ин ситу. Станува збор за рак кој сеуште на ја пробил капсулата и нема метастази.
Лечење на предраковата состојба:
- Кај CIN 1, CIN 2 се оди на уништување на променетата зона со електротерапија, криотерапија или ласер. После тоа се неопходни периодични прегледи, колпоскопија и циторазмаска.
- Кај CIN 3, се извршува т.н. конизација – конусовидно отстранување на дел од грлото на матката. Оваа процедура се изведува со дијагностичка или терапевтска цел.
Дали сме болни?
Дијагностиката на една напредна фаза на рак не е тешка зошто тој има изразени симптоми.
Навременото дијагностицирање на ХПВ инфекцијата е многу важно за лекувањето, прогнозата и борбата со ова заболување.
Откривањето на предраковите состојби е најважно!!!
Најчесто применети методи за рана дијагноза се следните:
- Цитолошка дијагноза – опишана како Papanicolaоu или познато како ПАП тест. Ова е едноставна техника. Со оваа метода се открива променети или малигни клетки во епителот на грлото на матката. Со помош на специјална памучна шпатула се зема материјал од слузницата на грлото на матката. Добиените препарати се фиксираат, се бојат и се надбљудуваат под микроскоп. Резултатите се групираат во 5 ПАП групи (I-V).
Цитолошката дијагноза е стандардна метода за рано откривање на предраковите промени и на ракот на грлот на матката.
Тест треба да се прави секоја година кај сите жени по 21 год. или 3 години откако ке стане сексуално активна.
Тестот се врши кај наполно здрави пациентки. Поради способноста да ги следи промените пред да настане рак овој метод е доста ефикасен и ја намалува смртноста откако е во примена од 1950 година. За само 20 години бројот на смртните случаи на пример во САД се намалиле за 70% како резултат на овој скрининг.
- Хистолошко испитување – се смета за златен стандард за потврдување на дијагнозата за инфекција со ХПВ. Со овој метод се испитува ткивото на грлото на матката за разлика од ПАП тестот кадешто се земаат само клетки.
- Серолошки методи – се испитув крвниот серум на заболениот за антитела против вирусните антигени.
- Испитување на вирусна ДНК се прави со методата PCR (Полимераза верижна реакција).
Како да се лекуваме
Како се лекува рак на грлото на матката?
Во раните стадиуми од заболувањето – задолжително се прави конизација т.е. процедура на отстранување на ткиво во конусна форма кое понатаму се испитува хистолошки. Кај млади жени кои немаат родено ако туморниот процес е ограничен и не е навлезен во лимфните јазли и крвотокот конизацијата од дијагностичка може да биде конечна оперативна терапија. Во понатамошен период се неопходни периодични гинеколошки прегледи. Со други зборови доколку се работи за т.н микроинвазивен рак и ако конизацијата е ˝во здраво˝ , не преминува преку границите на резот и станува збор за жена која нема родено тогаш таа конизација е терапевтска.
- Во напредните стадиуми се спроведува
- 1. Хемотерапија – при што со специјални лекарства се уништуваат туморските клетки во целото тело.
- 2. Хистеректомија – операција со која се отстранува матката и околните анатомски структури зафатени од туморскиот процес. Ја има во два вида: обична хистероктомија со отстранување на матката,грлото на матката и туморот и радикална хистероктомија со отстранување на матката, грлото на матката, дел од вагината и лимфните јазли во оваа област.
Вакцина против ХПВ
- HPV тип 16 и 18 кои предизвикуваат околу 70% од случаите на рак на грлото на матката
- HPV тип 6 и 11 кои предизвикуваат скоро 90% од случаите на генитални кондиломи.
Како се прима вакцината?
Вакцината се прима во три одделни дози од по 0,5ml. според следната шема:
- Прва доза – на произволно одбран ден
- Втора доза – два месеца од првата доза
- Трета доза – шест месеци од првата доза
Дали е безбедна вакцината?
Како што веке опишавме погоре вакцината во својата структура не содржи вирусна ДНК и таа не предизвикува инфекција или болест. Како и при секоја вакцинација може да се појават некои несакани ефекти како:
- Болка, оток и црвенило на местото каде што е ставена вакцината или благо покачување на телесната температура.
Овие реакции се минливи и се губат за кратко време. При евентуална појава на други несакани ефекти консултирајте го вашиот лекар.
Колку време дејствува вакцината?
Се смета дека вакцината создава траен имунитет. Бидејќи вакцината е нова тоа не може со сигурност да се тврди. До сега во период од 5 години се дадени над 30 милиони дози и ниту една од вакцинираните жени нема заболено од рак на грлото на матката предизвикан од ХПВ тип 6, 11, 16 и 18.
Полово преносливи болести
Заболувањата кои се пренесуваат по полов пат се нарекуваат сексуално преносливи и венерични болести. Тие имаат големо значење затоа што се многу распространети, засегаат многу луге претежно млади и тоа во репродуктивниот период. Некои од болестите може да предизвикаат стерилитет или неплодност (кај женскиот пол неможност за зачеток а кај машката популација неможност за оплодување), оштетување на плодот за време на бременост или новороденото.
Ризик фактори кои влијаат за развој на сексуално преносливи инфекции се честата промена на сексуалниот партнер (без разлика на полот) , ниската сексуална култура, лоша интимна хигиена, некористење на заштитни средства (презервативи) и други.
Најчести полово преносливи болести се:
- Инфекции со ХПВ (човеков папилома вирус)
- Трихомонијаза
- Хламидијаза
- Гонореја
- Сифилис
- СИДА (HIV)
- Хепатит В.
Што претставува ХПВ?
HPV е вирус кој е многу застапен помеѓу луѓето. Тој ги зафаќа кожата и слузницата и е причинител за многу болести меѓу кои и ракот на грлото на матката. Познати се над 120 различни типови на ХПВ вируси. Од истите дури 30 до 40% ја напаѓаат аногениталната област.
Вирусот е многу отпорен во надворешната средина , што му помага во неговото широко распространување.
- Во последно време во светот околу 9-13% од населението (630 милони луѓе) се заразени со ХПВ и се бележи огромна тенденција на зголемување на овој број во последните 20 години.
- Приближно половината од вкупниот број на сексуално активни жени или мажи може да се заразат со ХПВ во одреден период од животот. Најчесто инфекцијата настанува на возраст од 18-28 години. Се смета дека поголем дел од жените, околу 80% ке бидат инфицирани до навршувањето на 50-тата година.
- Повеќето од инфекциите поминуваат без симптоми, а тоа значително влијае на распространувањето на вирусот. Само 1% од сите инфицирани со вирусот може клинички да бидат регистрирани.
Што предизвикува ХПВ?
Околу 30-40 типови се т.н аногенитални и се делат на две големи групи:
- Високоризични – околу 15-20%. Тоа се најчесто ХПВ тип 16, 18, 31… кои ако делуваат подолго време, може да предизвикаат рак на грлото на матката и други малигни промени во областа на гениталиите.
Над 70% случаи на рак на грлото на матката се предизвикану од ХПВ типовите 16 и 18. - Нискоризични – околу 10-15%. Тоа се ХПВ тип 6 и 11 и најчесто предизвикуваат брадавици (кондиломи) и други бенигни тумори во аногениталната област.
Повеќето од ХПВ инфекциите се самоизлечиви во период од 1-2 години, благодарение на имуниот систем на организмот. Но ако инфекцијата трае подолг период се јавуваат следните промени:
- Бенигни генитални тумори
- Шилести брадавици (кондиломи) – меки израстоци кои обично се појавуваат на влажни површини , околу аналната област, вулвата, влезниот канал и срамните усни. По боја се сиво-бели и имаат можност одделни кондиломи да се сврзуваат формирајќи поголеми кондиломи. Исто така може да се појават на суви површини пр. тело на пенисот.
- Гениталните брадавици (кондиломи) – се со боја на кожата, може да бидат мазни, со зрнеста површина и различна големина.
- Плоснати брадавици (кондиломи) – се јавуваат обично на врвот на грлото на матката или вулвата.
- Цервикални преканцерози
- Рак на грлото на матката
- Вулварна интраепителна неоплазма и рак на вулвата – Вулварна интраепителна неоплазма претставува предракова состојба која нема некои карактеристични симптоми. Ненавременото откривање може да предизвика рак на надворешните полови органи.
- Предканцероза и рак на вагината – вагиналната ХПВ инфекција може да предизвика како појава на шилести кондиломи така и појава на високостепени предракови промени. Кај вагиналниот рак е докажана врската со високоризичните ХПВ типови 16 и 18 во околу 76% од случаите.
- Рак на анусот – најчести симптоми се крварење и чуство на исполнетост на дебелото црево. Голем процент од заболените со рак на анусот во минатото страдале од генитални брадавици.
Како се распространува ХПВ?
Вирусот на ХПВ се распространува на два начини: по полов и вон-полов пат.
- Полов пат – ХПВ е полово-пренослив т.е. распространувањето на инфекцијата најчесто е по полов пат при вагинален, анален и орален контакт. Малите ранички по кожата го олеснуваат навлегување на вирусот. Тоа е најчестото сексуално-преносливо заболување. Докажано е дека вирусот може да се пренесе и без полов акт т.е. во љубовната предигра.
Презервативите не се 100% заштита. - Вонполов пат – заразата е можна. Може да се пренесе од мајка на новороденче, и во тој случај детето развива т.н РРП –Рекурентна респираторна папиломатоза.
Како се лекуваат гениталните брадавици?
Медикаментозно лекување
Сите лекарства се нанесуваат на површината на кожата. Може да предизвикаат болка и чешање и не секогаш имаат ефект. Дејството не им е насочено директно кон вирусот туку кон промената која ја предизвикува. Некои од препаратите може да се примаат системски, орално или како инјекција.
Основните групи на лекарства кои имаат ефект во лекувањето на гениталните брадавици се следните:
- Имуномодулатори – дејствуваат на јакнењето на природниот имунолошкиот систем кај човекот и предизвикуваат засилен антивирусен одговор: Интерферон алфа
- Антимитотички агенси – дејствуваат врз процесот на делењето на клетката и може да имаат блокирачко дејство врз ширењето на вирусот: Podofilox , Podophillin, 5-Fluorouracil
- Кератолитици – бргу навлегуваат во структурата на кожата и хемиски влијаат на кератинот и другите ткива. Овој метод е адекватен на криотерапијата и електро-терапијата: Салицилна киселина, Трихлороцетна киселина.
Се користат разни хируршки техники. Сите од нив освен криотерапијата имаат предимство и можат да влијаат на повлекување на симптомите со само еден зафат. Се прават под локална анестезија и обично имаат добар ефект т.е. ретка е можноста од појава на нови брадавици на истото место.
- Криотерапија – отстранувањето се врши без опојка. Со 2-4 процедури се отстрануваат 75-80% од брадавиците.
- Електротерапија (диатермокоагулација) – електротерапијата е најефективниот метод за лечење на гениталните брадавици.
- Хируршки зафат – отстранување на ткивото со кирета, хируршки скалпел или ножици под локална анестезија.
- Ласерски – алтернативен метод на лечење, најчесто се користи во лекување на поупорни брадавици во аногениталната област.
- Во случај на CIN I и II се оди со деструктивна терапија – уништување на променетата зона со електротерапија, криотерапија или со ласер. По процедурата неопходни се периодична колпоскопија и циторазмаска.
- Во случај на CIN III , се прави т.н. конизација – конусовидно отстранување на грлото на матката. Се прави со дијагностичка и терапевтска цел т.е. ако хистолошкиот наод на отстранетото ткиво не покажува потешки промени промени тогаш конизацијата од дијагностичка преминува во конечна терапевтска метода.
Како да се зашититме од ХПВ?
Основни методи на профилактика се:
- Вакцинирање – пронајдена е вакцина против четирите најраспространети типа на човековиот папилома вирус ( HPV тип 6,11,16,18). Вакцината се прима во три дози, првата дата е произволна, втората е на два месеци од првата и третата на 6 месеци од примање на првата доза. Вакцината штити од ХПВ инфекција која предизвикува рак на грлото на матката и гениталните брадавици.
- Редовни гениколошки прегледи – за секоја жена која наполнила 21год. или 3год. откако станала сексуално активна потребно е да оди на редовни гинеколошки прегледи. Скринингот го намалува бројот на смртни случаи од ракот на грлото на матката за околу 70%.
Вакцина против рак
Ракот на грлото на матката е најчесто предизвикан од човековиот папилома вирус (human papilloma virus, HPV) . Веќе постои вакцина која штити од 4 типа на ХПВ (Тип 6,11,16 и 18). Овие 4 типа се причинители на 70% од случаите на рак на грлото на матката и 90% од случаите на генитални брадавици (кондиломи).
Што претставува вакцината?
Вакцината содржи високо прочистени на “вирус слични честички” од четирите типа на HPV. Тие во себе не содржат вирусна ДНК структура. Овие честички го поттикнуваат имуниот систем да создаде антитела против четирите типа на ХПВ кои при евентуален контакт со ХПВ го неутрализираат вирусот и не дозволуваат да се развие инфекција и болест.
- ХПВ тип 16 и 18 кои предизвикуваат околу 70% од случаите на рак на грлото на матката
- ХПВ тип 6 и 11 кои предизвикуваат околу 90% од случаите на генитални кондиломи
Вакцината може само да заштити од болести кои се предизвикани од ХПВ тип 6,11,16 и 18. Поради тоа треба да се продолжи со сите заштитни мерки од полово преносливи болести.
Кој треба да се вакцинира?
Вакцината е препорачана за девојчиња и млади жени на возраст од 9 до 26 години и момчиња од 9-15 год.. Тоа е отприлика возраста во која започнуваат првите сексуални контакти. Ризикот од инфицирање со вирусот тогаш е најголем.
Како се прима вакцината?
Вакцината се прима во три дози од по 0,5ml суспензија според следната шема:
- Прва доза – на произволно одбран ден
- Втора доза – два месеца од примањето на првата доза
- Трета доза – шест месеци по примањето на првата доза
Каде да се вакцинираме?
Центри за Јавно здравје во кои се врши незадолжителна вакцинација против ХПВ
ИМЕ НА ЗУ | Контакт Тел. | |
01 | Центар за јавно здравје- Скопје | 02/3298 667 |
02 | Центар за јавно здравје – Велес | 043/233 202 |
03 | Центар за јавно здравје – Тетово | 044/331 233 |
04 | Центар за јавно здравје – Куманово | 031/425 880 |
05 | Центар за јавно здравје – Штип | 032/386 220 |
06 | Центар за јавно здравје – Охрид | 046/279 831 |
07 | Центар за јавно здравје – Струмица | 034/324 495 |
08 | Центар за јавно здравје – Битола | 047/208 101 |
09 | Центар за јавно здравје – Прилеп | 048/427 475 |
10 | Центар за јавно здравје – Кочани | 033/270 688 |
Овластени приватни здравствени установи за вршење на вакцинација против ХПВ
ИМЕ НА ПЗУ | Контакт Тел. | |
01 | ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство | 02/3147 458 |
02 | ПЗУ Мала Богородица -Систина, Скопје | 02/3073 335 |
03 | ПЗУ Ре-Медика, Скопје | 2603 202, 2603 203, 2603 100 |
04 | ПЗУ Коруноски – МВР, Скопје | 071 334 007 |
05 | ПЗУ Д-р Цветановски, Скопје | 070 272 770, 3227 433 |
06 | ПЗУ Деметра Медикал, Скопје | 046/279 831 |
07 | ПЗУ Св. Пантелејмон, Прилеп | 048/417 741, 078 202 102 |
08 | ПЗУ Превентива, Струга | 046/781 461, 075 576 712 |
Интервју со добитникот на Нобелова награда за медицина 2008
Prof. Harald zur Hausen
Октомври 2009
Едукативен Караван Оглас