Македонско Здружение за Хуман Папиломавирус
Македоснкото Здружение за Хуман Папиломавирус, ЗХПВМ / HPVSM, е основано во јули 2007 година во Скопје, со цел да придонесе кон подобра едукација, превенција и јавно здравје во областа на HPV инфекцијата.
Нашата мисија
Главната мисија на Здружението е запознавање на широката популација со причините и последиците од инфекцијата со ХПВ.
Преку советување, информирање на јавноста и едукативни активности, Здружението работи на подигање на свеста за превенција и вакцинација.
Едукација
Информирање за HPV инфекцијата и нејзиното значење за здравјето.
Превенција
Промоција на вакцинација, скрининг и навремена детекција.
Јавно здравје
Поддршка на активности против HPV-асоцирани заболувања.
Кампања „Кажи на некого“
Една од првите активности на Здружението беше кампањата „Кажи на некого“ и промоцијата на првата брошура за пациенти.
Кој може да биде член?
Членови можат да бидат сите заинтересирани лица — родители, млади, пациенти, медиуми, лекари и здравствени работници.